специфичен
Значење на специфичен:
Што има своја специфика, карактеристичен, посебен. Специфичен вид. Специфичен облик. Специфична положба. Специфично обележје. Специфични услови за работа.Членувана форма: специфичниот.
Изведени зборови:
- специфично, прил. Специфично одеше по операцијата.
- специфичност, и. ж.
Фразеолошки израз / поговорка:
Специфична тежина ‒ односот на тежината на некое тело спрема тежината на иста зафатнина (волумен)вода при 4°C.
Оригинални податоци:
специфичен, специфичниот прид. Што има своја специфика, карактеристичен, посебен. Специфичен вид. Специфичен облик. Специфична положба. Специфично обележје. Специфични услови за работа. ◊ Специфична тежина ‒ односот на тежината на некое тело спрема тежината на иста зафатнина (волумен)вода при 4°C. ‖ специфично прил. Специфично одеше по операцијата. ‖ специфичност ж.