специјален
Значење на специјален:
1. Што е однапред определен, назначен за некого или за нешто. Специјален авион. Специјална луксузна вила. Специјално место во ложата. Специјален известувач. Специјална облека. Специјална комисија. Специјални мерки.
2. Што е исклучителен, посебен, особен. Специјална сорта. Специјална машина. Специјално испитување. Специјални причини.
Членувана форма: специјалниот.
Изведени зборови:
- специјално, прил. Тој специјално допатува во нашата земја. Странците специјално се интересираа за нашата материјална култура.
Оригинални податоци:
специјален, специјалниот прид. 1. Што е однапред определен, назначен за некого или за нешто. Специјален авион. Специјална луксузна вила. Специјално место во ложата. Специјален известувач. Специјална облека. Специјална комисија. Специјални мерки. 2. Што е исклучителен, посебен, особен. Специјална сорта. Специјална машина. Специјално испитување. Специјални причини. ‖ специјално прил. Тој специјално допатува во нашата земја. Странците специјално се интересираа за нашата материјална култура.