специјализира

Глагол, свршен и несвршен

Значење на специјализира:

1. Стекне, стекнува специјални знаења, се усоврши, се усовршува во определена област од науката, уметноста и занаетот. Синот специјализира срцеви болести. Тој специјализира соло-пеење. Сосетката го специјализира фризерството во странство.

2. Насочи, насочува нешто во определен правец. Сопственикот ја специјализира продавницата за продажба на морска храна.

Конјугација: специјализираат , специјализирајќи.

Изведени зборови:

  • се ~ специјализира, 1. Се здобие, се здобива со специјални знаења од некоја област, се усоврши, се усовршува, стане, станува специјалист. Тој се специјализира за механика на возила од германско производство. Една група пливачи се специјализира за нуркање. 2. Се определи, се определува за одреден вид операција. Нашата фирма се специјализира за производство на тестенини по италијанска рецептура.
  • специјализирање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

специјализира, специјализираат; специјализирајќи св. и несв. 1. Стекне, стекнува специјални знаења, се усоврши, се усовршува во определена област од науката, уметноста и занаетот. Синот специјализира срцеви болести. Тој специјализира соло-пеење. Сосетката го специјализира фризерството во странство. 2. Насочи, насочува нешто во определен правец. Сопственикот ја специјализира продавницата за продажба на морска храна. ● се ~ 1. Се здобие, се здобива со специјални знаења од некоја област, се усоврши, се усовршува, стане, станува специјалист. Тој се специјализира за механика на возила од германско производство. Една група пливачи се специјализира за нуркање. 2. Се определи, се определува за одреден вид операција. Нашата фирма се специјализира за производство на тестенини по италијанска рецептура. ‖ глаг. им. специјализирање ср.