спектар
Значење на спектар:
1. (физ.) Сноп од разнобојни зраци што се добива при преминување и разлагање на сончевата светлина низ стаклена призма. Бои на спектарот.
2. (прен.) Голем број од различни елементи поврзани со некој признак. Широк спектар на козметички производи. Спектар на идеи. Широк спектар на можности.
Множина: спектри.
Изведени зборови:
- спектарски, прид. спектарскиот
Оригинални податоци:
спектар, мн. спектри м. 1. (физ.) Сноп од разнобојни зраци што се добива при преминување и разлагање на сончевата светлина низ стаклена призма. Бои на спектарот. 2. (прен.) Голем број од различни елементи поврзани со некој признак. Широк спектар на козметички производи. Спектар на идеи. Широк спектар на можности. ‖ спектарски, спектарскиот прид.