спие

Глагол, несвршен

Значење на спие:

1. Се наоѓа во состојба на сон. Таа ноќ спиев со децата. Тој ретко спиеше дома. Пак не си спал од болеста. Спиј, чедо, спиј!

2. (прен.) Се наоѓа во состојба на полн мир. Во неделните утра градот спие.

3. (прен.) Не пројавува никаква активност, мирува. Туѓите пропаганди не спијат.

4. (прен., разг.) Има интимна врска со некого. Таа спиеше со својот љубовник.

5. (прен., разг.) Совршено е направено, погодено, сосема одговара на потребата, на вкусот. Облеката спие на него.

Коњугација: спаа , спав , спал , спан, спиев , спиеја , спиејќи , спиел , спиен , спиј , спијат , спијте .

Изведени зборови:

  • се ~ спие, безл. Има потреба од сон. На детето му се спие.
  • спиење, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Спие мирно ‒ живее спокојно, безгрижно. Спие тврдо /како топ/ заклан ‒ е во длабок сон. Спие лесно /како зајак/ на штрек ‒ спие немирно, плашливо. Спие на пари ‒ има многу пари, богат е. Спие во зимски сон ‒1. Не покажува знаци на живот. 2. Мирува.

Оригинални податоци:

спие, спијат; спиј, спијте; спиев, спиеја; спиел; спиен; спиејќи; спав, спаа; спал; спан несв. 1. Се наоѓа во состојба на сон. Таа ноќ спиев со децата. Тој ретко спиеше дома. Пак не си спал од болеста. Спиј, чедо, спиј! 2. (прен.) Се наоѓа во состојба на полн мир. Во неделните утра градот спие. 3. (прен.) Не пројавува никаква активност, мирува. Туѓите пропаганди не спијат. 4. (прен., разг.) Има интимна врска со некого. Таа спиеше со својот љубовник. 5. (прен., разг.) Совршено е направено, погодено, сосема одговара на потребата, на вкусот. Облеката спие на него. ● се ~ безл. Има потреба од сон. На детето му се спие. ◊ Спие мирно ‒ живее спокојно, безгрижно. Спие тврдо /како топ/ заклан ‒ е во длабок сон. Спие лесно /како зајак/ на штрек ‒ спие немирно, плашливо. Спие на пари ‒ има многу пари, богат е. Спие во зимски сон ‒1. Не покажува знаци на живот. 2. Мирува. ‖ глаг. им. спиење ср.