спика
Значење на спика:
1. Стави во нешто тесно со притискање, насила. Детето ги спика работите в џеб.
2. (прен.) Стави нешто каде што не му е местото, каде што тешко може да се најде, затури, зафрли. Каде ги спика документите? Старицата ги спика заштедените пари и потоа одвај ги пронајде.
3. (прен., разг.) Втера, принуди, присили некого да влезе или да престојува во ограничен простор. Заробениците ги спикаа во сточните вагони. Тој ги спика родителите во едно сопче.
Конјугација: спикаат.
Изведени зборови:
- се ~ спика, Се вовлече, се пикне, се смести некаде. Се спикаа во старата воденица за да се заштитат од силниот дожд. Децата се спикаа во преполниот автобус.
- (се) спикува, глаг. несв. (се) спикуваат
- спикување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
спика, спикаат св. 1. Стави во нешто тесно со притискање, насила. Детето ги спика работите в џеб. 2. (прен.) Стави нешто каде што не му е местото, каде што тешко може да се најде, затури, зафрли. Каде ги спика документите? Старицата ги спика заштедените пари и потоа одвај ги пронајде. 2. (прен., разг.) Втера, принуди, присили некого да влезе или да престојува во ограничен простор. Заробениците ги спикаа во сточните вагони. Тој ги спика родителите во едно сопче. ●се ~ Се вовлече, се пикне, се смести некаде. Се спикаа во старата воденица за да се заштитат од силниот дожд. Децата се спикаа во преполниот автобус. ‖ (се) спикува, (се) спикуваат несв. ‖ глаг. им. спикување ср.