спласне

Глагол, свршен

Значење на спласне:

1. За оток или за нешто подуено ‒ попушти, ослаби. Отокот на коленото спласна. Образите му спласнале, подбрадокот му се спуштил.

2. За вода ‒ спадне, се намали. Надојдената вода спласна следниот ден. Спласнаа брановите на езерото.

3. а) Загуби сила, елан и сл. Настојуваше да ги досече дрвата, но спласна неговата сила. Спласна вербата во победа. б) Се намали степенот на некое чувство (љубов, тага и сл.). Љубовниот занес брзо спласна. Полека спласна неговата лутина. Неговото почетно воодушевување спласнало. в) Се намали, се снижи. Пукотниците се проретчија, спласна вревата. Годинава спласна прометот во продавниците.

Конјугација: (ќе) спласнеа , (ќе) спласнев , (ќе) спласнел, спласнаа , спласнав , спласнал , спласнат , спласнат , спласнете , спласни .

Изведени зборови:

  • спласнува, глаг. несв. спласнуваат
  • спласнување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

спласне, спласнат; спласни, спласнете; спласнав, спласнаа; спласнал, спласнат; (ќе) спласнев, (ќе) спласнеа; (ќе) спласнел св. 1. За оток или за нешто подуено ‒ попушти, ослаби. Отокот на коленото спласна. Образите му спласнале, подбрадокот му се спуштил. 2. За вода ‒ спадне, се намали. Надојдената вода спласна следниот ден. Спласнаа брановите на езерото. 3. а) Загуби сила, елан и сл. Настојуваше да ги досече дрвата, но спласна неговата сила. Спласна вербата во победа. б) Се намали степенот на некое чувство (љубов, тага и сл.). Љубовниот занес брзо спласна. Полека спласна неговата лутина. Неговото почетно воодушевување спласнало. в) Се намали, се снижи. Пукотниците се проретчија, спласна вревата. Годинава спласна прометот во продавниците. ‖ спласнува, спласнуваат несв. ‖ глаг. им. спласнување ср.