сплетка
Значење на сплетка:
1. Заплетка, замрси. Жената ги сплетка конците.
2. (прен.) Направи сплетка, вовлече некого во некоја сплетка. Тој ги сплетка работите. Тој ја сплетка мајка му во семејниот скандал.
3. (прен.) Збуни некого. Стравот му ги сплетка нозете. Тоа нè сплетка, не ни даде да размислиме.
Конјугација: сплеткаат.
Изведени зборови:
- се ~ сплетка, 1. Се замрси, се заплетка. Се сплеткаа ѓерданите околу вратот на девојката. 2. (прен.) Се збуни, се збрка, се возбуди. Ученикот се сплетка и не одговори на прашањето. Стариот се сплеткал и одвај го нашол ќесето. 3. (прен., разг.) Стапи во љубовна врска, што, обично, не се одобрува, недозволена, неморална и сл. Момчето се сплеткало со постара разведена жена.
- (се) сплеткува, глаг. несв. (се) сплеткуваат
- сплеткување, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Му (ми, ти...) ги сплетка конците ‒ расипе работа, план некому, попречи некого во нешто. Му (ми, ти...) се сплетка јазикот ‒ почне да пелтечи од збунетост. Се сплетка работата ‒ тргне некому нешто наопаку, не оди нешто по план.
Оригинални податоци:
сплетка, сплеткаат св. 1. Заплетка, замрси. Жената ги сплетка конците. 2. (прен.) Направи сплетка, вовлече некого во некоја сплетка. Тој ги сплетка работите. Тој ја сплетка мајка му во семејниот скандал. 3. (прен.) Збуни некого. Стравот му ги сплетка нозете. Тоа нè сплетка, не ни даде да размислиме. ● се ~ 1. Се замрси, се заплетка. Се сплеткаа ѓерданите околу вратот на девојката. 2. (прен.) Се збуни, се збрка, се возбуди. Ученикот се сплетка и не одговори на прашањето. Стариот се сплеткал и одвај го нашол ќесето. 3. (прен., разг.) Стапи во љубовна врска, што, обично, не се одобрува, недозволена, неморална и сл. Момчето се сплеткало со постара разведена жена. ◊ Му (ми, ти...) ги сплетка конците ‒ расипе работа, план некому, попречи некого во нешто. Му (ми, ти...) се сплетка јазикот ‒ почне да пелтечи од збунетост. Се сплетка работата ‒ тргне некому нешто наопаку, не оди нешто по план. ‖ (се) сплеткува, (се) сплеткуваат несв. ‖ глаг. им. сплеткување ср.