сподели
Значење на сподели:
1. Изнесе свои мисли, тешкотии, проблеми пред некого заради помош, совет. Таа ги сподели своите тајни со мајка си.
2. Подели чувства со некого. Сподели болка. Ќе ја споделиме радоста со вас.
Коњугација: споделат.
Изведени зборови:
- споделува, глаг. несв. споделуваат
- споделување , глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
сподели, споделат св. 1. Изнесе свои мисли, тешкотии, проблеми пред некого заради помош, совет. Таа ги сподели своите тајни со мајка си. 2. Подели чувства со некого. Сподели болка. Ќе ја споделиме радоста со вас. ‖ споделува, споделуваат несв. ‖ глаг. им споделување ср.