спои

Глагол, свршен

Значење на спои:

1. Поврзе, соедини едно со друго (со врзување, прикрепување, шиење и сл.). Со спојница ги споив листовите хартија. Столарот ги спои страните од орманот. Кројачот ги спои ракавите од палтото.

2. Поврзе едно со друго, состави во една целина, соедини. Овчарите ги споија двете стада.

3. (прен.) Поврзе, установи врска меѓу одделни појави, доведе во врска едно со друго (постапки, мисли, настани, итн.). Се присети на многу детали, но не можеше да ги спои во една целина. Тој успешно ја спои теоријата со практиката.

4. Воспостави сообраќајна врска меѓу две населени места, области итн. (со пат, мост и сл.) Новиот пат ќе ги спои планинските села. Мостот ги спои стариот и новиот дел на градот.

Конјугација: (ќе) споев , (ќе) споеја , (ќе) споел, споен , споив , споија , споил , спој , спојат , спојте .

Изведени зборови:

  • се ~ спои, 1. Се поврзе, се соедини, се воспостави сообраќајна врска. Селата се споија со градот. Патот од селото се спои со автопатот. 2. Се слее едно со друго, се смеша. Кај него се споија љубовта и омразата.
  • (се) спојува, глаг. несв. (се) спојуваат
  • спојување, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Се спои небото и земјата ‒ настане силно невреме.

Оригинални податоци:

спои, спојат; спој, спојте; споив, споија; споил; споен; (ќе) споев, (ќе) споеја; (ќе) споел св. 1. Поврзе, соедини едно со друго (со врзување, прикрепување, шиење и сл.). Со спојница ги споив листовите хартија. Столарот ги спои страните од орманот. Кројачот ги спои ракавите од палтото. 2. Поврзе едно со друго, состави во една целина, соедини. Овчарите ги споија двете стада. 3. (прен.) Поврзе, установи врска меѓу одделни појави, доведе во врска едно со друго (постапки, мисли, настани, итн.). Се присети на многу детали, но не можеше да ги спои во една целина. Тој успешно ја спои теоријата со практиката. 4. Воспостави сообраќајна врска меѓу две населени места, области итн. (со пат, мост и сл.) Новиот пат ќе ги спои планинските села. Мостот ги спои стариот и новиот дел на градот. ● се ~ 1. Се поврзе, се соедини, се воспостави сообраќајна врска. Селата се споија со градот. Патот од селото се спои со автопатот. 2. Се слее едно со друго, се смеша. Кај него се споија љубовта и омразата. ◊ Се спои небото и земјата ‒ настане силно невреме. ‖ (се) спојува, (се) спојуваат несв. ‖ глаг. им. спојување ср.