спој

Именка, машки род

Значење на спој:

1. Поврзување, соединување, составување. Мозаичен спој. Спој на искуството и младоста. Синтагматски споеви.

2. Тоа што спојува, поврзува нешто, место каде што се спојува, се поврзува, се составува нешто. Се скина спојот од рачката на торбата. Пукна спојот на цевката.

Множина: споеви, споја.

Фразеолошки израз / поговорка:

Краток спој ‒ прекин на електричната струја во електричната мрежа поради непосреден допир на жиците; куршлус.

Оригинални податоци:

спој, мн. споеви, избр. мн. споја м. 1. Поврзување, соединување, составување. Мозаичен спој. Спој на искуството и младоста. Синтагматски споеви. 2. Тоа што спојува, поврзува нешто, место каде што се спојува, се поврзува, се составува нешто. Се скина спојот од рачката на торбата. Пукна спојот на цевката. ◊ Краток спој ‒ прекин на електричната струја во електричната мрежа поради непосреден допир на жиците; куршлус.