спокоен

Придавка

Значење на спокоен:

1. Што е мирен, неподвижен, тивок. Спокојна приквечерина.

2. За човек ‒ што не е возбуден, мирен. Спокоен старец. Спокојна душа.

3. Што изразува спокојство. Спокоен глас. Спокоен сон. Спокојно лице. Спокојни чекори.

4. Што поминува во спокојство, безгрижно. Спокоен живот. Спокојна старост. Спокојни години.

Членувана форма: спокојниот.

Изведени зборови:

  • спокојно, прил. Спокојно си го пиеше кафето.
  • спокојност, и. ж.

Фразеолошки израз / поговорка:

Биди спокоен! ‒ не грижи се! Делени круши, спокојни заби ‒ по праведна распределба нема кавги (посл.).

Оригинални податоци:

спокоен, спокојниот прид. 1. Што е мирен, неподвижен, тивок. Спокојна приквечерина. 2. За човек ‒ што не е возбуден, мирен. Спокоен старец. Спокојна душа. 3. Што изразува спокојство. Спокоен глас. Спокоен сон. Спокојно лице. Спокојни чекори. 4. Што поминува во спокојство, безгрижно. Спокоен живот. Спокојна старост. Спокојни години. ◊ Биди спокоен! ‒ не грижи се! Делени круши, спокојни заби ‒ по праведна распределба нема кавги (посл.). ‖ спокојно прил. Спокојно си го пиеше кафето. ‖ спокојност ж.