спомен

Именка, машки род

Значење на спомен:

1. Сеќавање на некого или на нешто. Незаборавен спомен. Непријатен спомен. Остана споменот за него. Спомени од младоста. Спомени од селото.

2. Предмет (обично подарок), што служи за сеќавање на некого или на нешто. Куклата е нејзиниот најдраг спомен од детството. Слика за спомен. Скап спомен од летување.

3. (обично во мн.) Записи како литературно дело за минати настани во кои авторот се јавува како учесник или современик; мемоари. Спомени од прогонот. Спомени за формирањето на Народноослободителната војска.

Множина: спомени.

Фразеолошки израз / поговорка:

Спомен-книга ‒ книга во некоја установа во која посетителите ги запишуваат своите впечатоци од установата, од некаков настан, личност и сл. Спомен-обележје ‒ споменик. Спомен-парк ‒ парк во кој се засадени дрвја од државници и други видни посетители на градот или земјата. Спомен-плоча ‒ сп. плоча.

Оригинални податоци:

спомен, мн. спомени м. 1. Сеќавање на некого или на нешто. Незаборавен спомен. Непријатен спомен. Остана споменот за него. Спомени од младоста. Спомени од селото. 2. Предмет (обично подарок), што служи за сеќавање на некого или на нешто. Куклата е нејзиниот најдраг спомен од детството. Слика за спомен. Скап спомен од летување. 3. (обично во мн.) Записи како литературно дело за минати настани во кои авторот се јавува како учесник или современик; мемоари. Спомени од прогонот. Спомени за формирањето на Народноослободителната војска. ◊ Спомен-книга ‒ книга во некоја установа во која посетителите ги запишуваат своите впечатоци од установата, од некаков настан, личност и сл. Спомен-обележје ‒ споменик. Спомен-парк ‒ парк во кој се засадени дрвја од државници и други видни посетители на градот или земјата. Спомен-плоча ‒ сп. плоча.