спомене
Значење на спомене:
1. При зборување или пишување, патем именува, наведе име на некого или на нешто. Го спомена името на домаќинот и побара да му отворат. Тој поцрвенуваше кога ќе го споменеа. Нема да споменат никакви пари. Тој случај толку пати го споменаа денес.
2. Се сети, се присети. Тој си спомена за војничките денови. Девојчето денес си спомена за бабините приказни.
3. Напомни, потсети. Тој сакаше да му спомене дека е време за прскање на јаболката. Патем, тој спомена дека увозот годинава е поголем.
4. (црков.) Се помоли за здравјето на жив или за проштевање на гревовите на починат. На литургијата, свештеникот ги спомена дарителите на црквата. На поменот, свештеникот ги спомена сите покојници од семејството.
Конјугација: (ќе) споменеа , (ќе) споменев , (ќе) споменел, споменаа , споменав , споменал , споменат , споменат , споменете , спомени .
Изведени зборови:
- (се) споменува, глаг. несв. (се) споменуваат
- споменување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
спомене, споменат; спомени, споменете; споменав, споменаа; споменал; споменат; (ќе) споменев, (ќе) споменеа; (ќе) споменел св. 1. При зборување или пишување, патем именува, наведе име на некого или на нешто. Го спомена името на домаќинот и побара да му отворат. Тој поцрвенуваше кога ќе го споменеа. Нема да споменат никакви пари. Тој случај толку пати го споменаа денес. 2. Се сети, се присети. Тој си спомена за војничките денови. Девојчето денес си спомена за бабините приказни. 3. Напомни, потсети. Тој сакаше да му спомене дека е време за прскање на јаболката. Патем, тој спомена дека увозот годинава е поголем. 4. (црков.) Се помоли за здравјето на жив или за проштевање на гревовите на починат. На литургијата, свештеникот ги спомена дарителите на црквата. На поменот, свештеникот ги спомена сите покојници од семејството. ‖ (се) споменува, (се) споменуваат несв. ‖ глаг. им. споменување ср.