споменица

Именка, женски род

Значење на споменица:

Книга издадена во спомен на некој настан или личност. Споменица на Институтот за македонски јазик. Споменица на ослободителите на градот.

Множина: споменици.

Фразеолошки израз / поговорка:

Партизанска споменица ‒ (истор.) медал за учество во партизани од 1941 год.

Оригинални податоци:

споменица, мн. споменици ж. Книга издадена во спомен на некој настан или личност. Споменица на Институтот за македонски јазик. Споменица на ослободителите на градот. ◊ Партизанска споменица ‒ (истор.) медал за учество во партизани од 1941 год.