споредбен

Придавка

Значење на споредбен:

1. Што се засновува врз споредба; компаративен. Споредбен метод. Споредбена граматика. Споредбено проучување. Споредбени вежби.

2. (грам.) Што изразува споредба, што служи за споредба. Споредбена реченица. Споредбени сврзници.

Членувана форма: споредбениот.

Изведени зборови:

  • споредбено, прил. Анализата ја вршеше споредбено.
  • споредбеност, и. ж.

Оригинални податоци:

споредбен, споредбениот прид. 1. Што се засновува врз споредба; компаративен. Споредбен метод. Споредбена граматика. Споредбено проучување. Споредбени вежби. 2. (грам.) Што изразува споредба, што служи за споредба. Споредбена реченица. Споредбени сврзници. ‖ споредбено прил. Анализата ја вршеше споредбено. ‖ споредбеност ж.