спореди

Глагол, свршен

Значење на спореди:

1. Сопостави за да утврди разлики или заеднички црти, направи споредба. Редакторот ја спореди старата верзија на текстот со новата. Комисијата ќе ги спореди тестовите со ист број бодови. Местото го споредив со родното село.

2. Прирамни, изедначи едно со друго во некое својство. Критичарите го споредија младиот диригент со големите маестра.

Конјугација: споредат.

Изведени зборови:

  • се ~ спореди, Се сопостави со некого или со нешто. Тој се спореди со другите примерни ученици. Кога ќе се споредат платите, ќе се утврдат разликите.
  • (се) споредува, глаг. несв. (се) споредуваат
  • споредување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

спореди, споредат св. 1. Сопостави за да утврди разлики или заеднички црти, направи споредба. Редакторот ја спореди старата верзија на текстот со новата. Комисијата ќе ги спореди тестовите со ист број бодови. Местото го споредив со родното село. 2. Прирамни, изедначи едно со друго во некое својство. Критичарите го споредија младиот диригент со големите маестра. ●се ~ Се сопостави со некого или со нешто. Тој се спореди со другите примерни ученици. Кога ќе се споредат платите, ќе се утврдат разликите. ‖ (се) споредува, (се) споредуваат несв. ‖ глаг. им. споредување ср.