спрема
Значење на спрема:
1. Обележје, карактер на односот на некого или нешто. Сè уште немаме став спрема вашиот предлог. Исполнети со неизмерна љубов спрема децата.
2. Насоченост, упатеност, свртеност кон нешто; кон 1 и накај Една група тргна спрема Велес, а другата остана да чека. Сите селани избегале спрема клисурата.
3. Сообразување со нечиј став, мислење, однос и сл.; според 2. Спрема неговата дискусија, изгледа дека ќе се соочиме со стечај.
4. Споредба; според 3. Спрема способностите на пензионираниот директор, сегашниов е најобичен дилетант.
5. (ретко) Временско значење; спроти 3. Вечерта спрема празникот ја подзачисти куќата и си легна.
Оригинални податоци:
спрема предл. 1. Обележје, карактер на односот на некого или нешто. Сè уште немаме став спрема вашиот предлог. Исполнети со неизмерна љубов спрема децата. 2. Насоченост, упатеност, свртеност кон нешто; сп. кон 1 и накај 1. Една група тргна спрема Велес, а другата остана да чека. Сите селани избегале спрема клисурата. 3. Сообразување со нечиј став, мислење, однос и сл.; сп. според 2. Спрема неговата дискусија, изгледа дека ќе се соочиме со стечај. 4. Споредба; сп. според 3. Спрема способностите на пензионираниот директор, сегашниов е најобичен дилетант. 5. (ретко) Временско значење; сп. спроти 3. Вечерта спрема празникот ја подзачисти куќата и си легна.