спроти
Значење на спроти:
1. Пространствено значење ‒ поставено отаде, од таа страна спрема некого или нешто. Заводот е спроти болницата. Касарната ја преселија спроти фабриката за тули.
2. Движење во спротивна, обратна насока на нешто. Веславме цел час спроти силната речна матица. Нема добри резултати при трчање спроти ветер.
3. Временско значење. Се собрираме сите спроти празникот на селото. Вечерта спроти Водици силно заврна.
4. (ретко) Дејство што се врши во согласност со нешто, сообразено со нешто. Секогаш купуваше спроти можностите.
5. Сопоставување, споредба. Ти си речиси џуџе спроти него.
6. (прен.) Сообразеност, соодветност на нешто со нешто. Спроти главата и бричот. Спроти светецот и празникот. Спроти јунакот и коњот.
Фразеолошки израз / поговорка:
Спроти Божик прасе гои ‒ ненавремено, задоцнето вршење некоја работа.
Оригинални податоци:
спроти предл. 1. Пространствено значење ‒ поставено отаде, од таа страна спрема некого или нешто. Заводот е спроти болницата. Касарната ја преселија спроти фабриката за тули. 2. Движење во спротивна, обратна насока на нешто. Веславме цел час спроти силната речна матица. Нема добри резултати при трчање спроти ветер. 3. Временско значење. Се собрираме сите спроти празникот на селото. Вечерта спроти Водици силно заврна. 4. (ретко) Дејство што се врши во согласност со нешто, сообразено со нешто. Секогаш купуваше спроти можностите. 5. Сопоставување, споредба. Ти си речиси џуџе спроти него. 6. (прен.) Сообразеност, соодветност на нешто со нешто. Спроти главата и бричот. Спроти светецот и празникот. Спроти јунакот и коњот. ◊ Спроти Божик прасе гои ‒ ненавремено, задоцнето вршење некоја работа.