спротивен

Придавка

Значење на спротивен:

1. а) За правец ‒ обратен од дадениот, првичниот. Спротивен ветер. Спротивна насока. б) Што е во положба едно наспрема друго. Спротивен крај. Спротивен табор. Спротивна страна.

2. Што е различен, противречен; обратен. Спротивен став. Спротивен процес. Спротивно мислење. Спротивни интереси.

Членувана форма: спротивниот.

Изведени зборови:

  • спротивно, прил. Секогаш постапуваше спротивно од договореното.
  • спротивност, и. ж.

Оригинални податоци:

спротивен, спротивниот прид. 1. а) За правец ‒ обратен од дадениот, првичниот. Спротивен ветер. Спротивна насока. б) Што е во положба едно наспрема друго. Спротивен крај. Спротивен табор. Спротивна страна. 2. Што е различен, противречен; обратен. Спротивен став. Спротивен процес. Спротивно мислење. Спротивни интереси. ‖ спротивно прил. Секогаш постапуваше спротивно од договореното. ‖ спротивност ж.