спроведе
Значење на спроведе:
1. (разг.) Одведе некого на определено место. Го спровеле в затвор.
2. а) Направи, постави систем за одведување (вода, струја, гас и др.). Оваа година локалната управа спроведе водовод во селото. б) Пропушти низ себе (електрицитет, топлина).
3. Изврши, исполни оствари нешто (идеја, план, наредба, закон). Студентите спроведоа анкета за животните услови во студентските домови. Тој ќе го спроведе тоа што го наумил. Тие ќе ја спроведат идејата во дело.
Конјугација: (ќе) спроведеа , (ќе) спроведев , (ќе) спроведел , спроведат , спроведен, спроведете , спроведи , спроведоа , спроведов , спровел .
Изведени зборови:
- спроведува, глаг. несв. спроведуваат
- спроведување, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Спроведе во живот ‒ оствари.
Оригинални податоци:
спроведе, спроведат; спроведи, спроведете; спроведов, спроведоа; спровел; (ќе) спроведев, (ќе) спроведеа; (ќе) спроведел; спроведен св. 1. (разг.) Одведе некого на определено место. Го спровеле в затвор. 2. а) Направи, постави систем за одведување (вода, струја, гас и др.). Оваа година локалната управа спроведе водовод во селото. б) Пропушти низ себе (електрицитет, топлина). 3. Изврши, исполни оствари нешто (идеја, план, наредба, закон). Студентите спроведоа анкета за животните услови во студентските домови. Тој ќе го спроведе тоа што го наумил. Тие ќе ја спроведат идејата во дело. ◊ Спроведе во живот ‒ оствари. ‖ спроведува, спроведуваат несв. ‖ глаг. им. спроведување ср.