спроводник

Именка, машки род

Значење на спроводник:

1. Материјал што спроведува добро топлина, звук, електрична енергија и сл.

2. (прен.) Тој што распространува мисла, идеја и сл. Спроводник на христијанското учење. Спроводници на хегемонистичка политика.

3. а) Тој што покажува пат, место и сл. Спроводник на воз. б) Тој што спроведува, што придружува некого или нешто. Осудениот се движеше во придружба на спроводник.

Множина: спроводници.

Изведени зборови:

  • спроводничка, и. ж. кон зн. 2 и 3.
  • спроводнички, прид. спроводничкиот

Оригинални податоци:

спроводник, мн. спроводници м. 1. Материјал што спроведува добро топлина, звук, електрична енергија и сл. 2. (прен.) Тој што распространува мисла, идеја и сл. Спроводник на христијанското учење. Спроводници на хегемонистичка политика. 3. а) Тој што покажува пат, место и сл. Спроводник на воз. б) Тој што спроведува, што придружува некого или нешто. Осудениот се движеше во придружба на спроводник. ‖ спроводничка, мн. спроводнички ж. кон зн. 2 и 3. ‖ спроводнички, спроводничкиот прид.