спружи
Значење на спружи:
1. Протегне, спростре. Свештеникот ги спружи рацете напред за да го благослови лебот. Тој седна и ја спружи десната нога. Ја спружиле рогозината спроти сонце.
2. (разг.) Обори некого, со удар кутне некого наземи. Замавна со лопатата и го спружи човекот.
Конјугација: спружат.
Изведени зборови:
- се ~ спружи, 1. Се спростре, легне, падне спрострен. Се залула и се спружи во снегот. 2. Промени положба на телото; заземе лежечка положба. Тој се спружи на креветот. Ќе се спружам на подот, а ти гази колку што ти душа сака.
- (се) спружува, глаг. несв. (се) спружуваат
- спружување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
спружи, спружат св. 1. Протегне, спростре. Свештеникот ги спружи рацете напред за да го благослови лебот. Тој седна и ја спружи десната нога. Ја спружиле рогозината спроти сонце. 2. (разг.) Обори некого, со удар кутне некого наземи. Замавна со лопатата и го спружи човекот. ● се ~ 1. Се спростре, легне, падне спрострен. Се залула и се спружи во снегот. 2. Промени положба на телото; заземе лежечка положба. Тој се спружи на креветот. Ќе се спружам на подот, а ти гази колку што ти душа сака. ‖ (се) спружува, (се) спружуваат несв. ‖ глаг. им. спружување ср.