спржи

Глагол, свршен

Значење на спржи:

1. (разг.) Приготви јадење со пржење, испржи. Таа спржи месо за ручек.

2. (прен.) За сонце - исуши, прегори (земја, нивје, посеви и сл.). Сонцето ги спржи посевите.

Конјугација: спржат.

Изведени зборови:

  • се ~ спржи, (прен.) Се исуши, се прегори. Се спржи полето од летните горештини.
  • (се) спржува, глаг. несв. (се) спржуваат
  • спржување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

спржи, спржат св. 1. (разг.) Приготви јадење со пржење, испржи. Таа спржи месо за ручек. 2. (прен.) За сонце - исуши, прегори (земја, нивје, посеви и сл.). Сонцето ги спржи посевите. ●се ~ (прен.) Се исуши, се прегори. Се спржи полето од летните горештини. ‖ (се) спржува, (се) спржуваат несв. ‖ глаг. им. спржување ср.