спука

Глагол, свршен

Значење на спука:

1. Одеднаш почне да пука; припука. Спука мразот под нозете. Војниците спукаа со пушките.

2. (разг., прен.) Свика, подвикне некому, гласно искара некого. Спука по децата да донесат вода.

Конјугација: спукаат.

Изведени зборови:

  • спукува, глаг. несв. спукуваат
  • спукување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

спука, спукаат св. 1. Одеднаш почне да пука; припука. Спука мразот под нозете. Војниците спукаа со пушките. 2. (разг., прен.) Свика, подвикне некому, гласно искара некого. Спука по децата да донесат вода. ‖ спукува, спукуваат несв. ‖ глаг. им. спукување ср.