спури
Значење на спури:
1. Направи нешто да свене, да изгуби свежина. Силното сонце ги спури лисјата на краставиците. Топлиот воздух го спури тутунот.
2. Направи нешто да се збрчка. Пластичните ракавици ми ја спурија кожата на рацете. Потта ми ги спури нозете.
Коњугација: спурат.
Изведени зборови:
- се ~ спури, 1. Овене поради жега, слана и сл. Грозјето се спури од големите горештини. Мушмулите се спурија од сланата. 2. За зеленчук, овошје ‒ изгуби свежина од висока температура. Пиперките се спурија во рерна. Рибизлите се спурија во соковникот и по пат на дестилација се претворија во сок.
- (се) спурува, глаг. несв. (се) спуруваат
- спурување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
спури, спурат св. 1. Направи нешто да свене, да изгуби свежина. Силното сонце ги спури лисјата на краставиците. Топлиот воздух го спури тутунот. 2. Направи нешто да се збрчка. Пластичните ракавици ми ја спурија кожата на рацете. Потта ми ги спури нозете. ● се ~ 1. Овене поради жега, слана и сл. Грозјето се спури од големите горештини. Мушмулите се спурија од сланата. 2. За зеленчук, овошје ‒ изгуби свежина од висока температура. Пиперките се спурија во рерна. Рибизлите се спурија во соковникот и по пат на дестилација се претворија во сок. ‖ (се) спурува, (се) спуруваат несв. ‖ глаг. им. спурување ср.