спушти

Глагол, свршен

Значење на спушти:

1. Премести, симне некого или нешто од повисоко на пониско место. Таа ги спушти ролетните од прозорците. Болничарката ги спушти нозете од креветот на болното момче. Тој ја спушти главата на перницата.

2. За поглед ‒ управи, насочи надолу. По прекорот на наставникот, ученикот го спушти погледот.

3. Направи нешто да висне. Невестата го спушти превезот. Ја извадив шнолата и ја спуштив косата низ плеќите.

4. Намали, снижи (цена, вредност). Пазарџиите ги спуштија цените на јаболката. 6. За чун, кајак, кораб и сл. ‒ пушти да се движи по вода, отплови. Кајакарите ги спуштија кајаците по реката.

Конјугација: спуштат.

Изведени зборови:

  • се ~ спушти, 1. Слезе надолу. Држејќи се за раце, децата се спуштија од стрмното место. Детето се спушти по скалите и влезе во базенот. Планинарите се спуштија во подножјето на планината. 2. Се движи надолу, застане на земја или на водна површина и сл. Штркот се спушти на покривот од куќата. Падобранецот се спушти на една ливада. Авионот се спушти безбедно на аеродромот. 3. (прен.) За природен феномен ‒ падне, настапи. Се спушти густа магла над градот. Зајде сонцето и се спушти ноќта. 4. Падне надолу, се отпушти, висне. Во театарот се спушти завесата. Гранките се спуштија речиси до земја од натежнатиот снег. Еден прамен од косата се спушти врз челото на девојчето. 5. Од стоечка положба помине во седечка, лежечка и сл. Жената ги зеде весниците и се спушти во фотелјата. Детето се спушти од креветот на подот. 6. Тргне по текот на реката. Кајакарите ќе се спуштат по брзите води на реката. 7. Допре до понизок степен, доведе до пониска положба. Пливачите се спуштија во водата. Алпинистите се спуштија на 5.000 метри надморска височина. 8. Се снижи, се намали. Нивото на водата се спушти под очекуваните предвидувања. Прогнозите за оваа зима најавуваат дека температурата ќе се спушти 15 степени под нулата.

Оригинални податоци:

спушти, спуштат св. 1. Премести, симне некого или нешто од повисоко на пониско место. Таа ги спушти ролетните од прозорците. Болничарката ги спушти нозете од креветот на болното момче. Тој ја спушти главата на перницата. 2. За поглед ‒ управи, насочи надолу. По прекорот на наставникот, ученикот го спушти погледот. 3. Направи нешто да висне. Невестата го спушти превезот. Ја извадив шнолата и ја спуштив косата низ плеќите. 4. Намали, снижи (цена, вредност). Пазарџиите ги спуштија цените на јаболката. 6. За чун, кајак, кораб и сл. ‒ пушти да се движи по вода, отплови. Кајакарите ги спуштија кајаците по реката. ● се ~ 1. Слезе надолу. Држејќи се за раце, децата се спуштија од стрмното место. Детето се спушти по скалите и влезе во базенот. Планинарите се спуштија во подножјето на планината. 2. Се движи надолу, застане на земја или на водна површина и сл. Штркот се спушти на покривот од куќата. Падобранецот се спушти на една ливада. Авионот се спушти безбедно на аеродромот. 3. (прен.) За природен феномен ‒ падне, настапи. Се спушти густа магла над градот. Зајде сонцето и се спушти ноќта. 4. Падне надолу, се отпушти, висне. Во театарот се спушти завесата. Гранките се спуштија речиси до земја од натежнатиот снег. Еден прамен од косата се спушти врз челото на девојчето. 5. Од стоечка положба помине во седечка, лежечка и сл. Жената ги зеде весниците и се спушти во фотелјата. Детето се спушти од креветот на подот. 6. Тргне по текот на реката. Кајакарите ќе се спуштат по брзите води на реката. 7. Допре до понизок степен, доведе до пониска положба. Пливачите се спуштија во водата. Алпинистите се спуштија на 5.000 метри надморска височина. 8. Се снижи, се намали. Нивото на водата се спушти под очекуваните предвидувања. Прогнозите за оваа зима најавуваат дека температурата ќе се спушти 15 степени под нулата.