срам

Именка, машки род

Значење на срам:

1. Непријатно чувство предизвикано од сознанието за сопствените непристојни, неприфатливи, неугодни постапки или навредливи зборови. Голем срам. Се вцрви од срам. Без срам ја изнавреди старицата. Се караа без срам. Нели ти е срам?

2. Чувство на притеснување, на стегнатост. Детски срам.

3. Срамота, навреда на достоинството и честа. Девојката им нанесе срам на родителите. Заборави ли на срамот?На старост тргаше големи маки и срамови.

Множина: срамови.

Фразеолошки израз / поговорка:

Го фати срам ‒ се засрами. Црн срам ‒ голем срам. Го (ме, те...) изеде (црн) срам ‒ многу се посрамоти. За триста срамови се сторивме ‒ многу се посрамивме.

Оригинални податоци:

срам, мн. срамови м. 1. Непријатно чувство предизвикано од сознанието за сопствените непристојни, неприфатливи, неугодни постапки или навредливи зборови. Голем срам. Се вцрви од срам. Без срам ја изнавреди старицата. Се караа без срам. Нели ти е срам? 2. Чувство на притеснување, на стегнатост. Детски срам. 3. Срамота, навреда на достоинството и честа. Девојката им нанесе срам на родителите. Заборави ли на срамот?На старост тргаше големи маки и срамови. ◊ Го фати срам ‒ се засрами. Црн срам ‒ голем срам. Го (ме, те...) изеде (црн) срам ‒ многу се посрамоти. За триста срамови се сторивме ‒ многу се посрамивме.