срами

Глагол, несвршен

Значење на срами:

Нанесе, предизвика состојба, чувство на срам. Синот ги срамеше родителите со дрското однесување. Не срами ме пред гости!

Коњугација: срамат.

Изведени зборови:

  • се ~ срами, 1. Чувствува срам. Не срами се, ти не си виновен за тоа. Момчето се срамеше од пијанството на татка си. Тие се срамеа од материјалната беда. 2. Се чувствува непријатно, се притеснува, се наоѓа во непријатна состојба. Тој се срами да дојде непоканет. Момчето се срамеше од сопствениот страв.
  • срамење, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

срами, срамат несв. Нанесе, предизвика состојба, чувство на срам. Синот ги срамеше родителите со дрското однесување. Не срами ме пред гости! ● се ~ 1. Чувствува срам. Не срами се, ти не си виновен за тоа. Момчето се срамеше од пијанството на татка си. Тие се срамеа од материјалната беда. 2. Се чувствува непријатно, се притеснува, се наоѓа во непријатна состојба. Тој се срами да дојде непоканет. Момчето се срамеше од сопствениот страв. ‖ глаг. им. срамење ср.