срамоти

Глагол, несвршен

Значење на срамоти:

Нанесува некому срам. Таа се колнеше во него, а тој ја срамотеше секаде.

Коњугација: срамотат.

Изведени зборови:

  • се ~ срамоти, Прави нешто што му носи срам. Подобро да молчеше, не ќе се срамотеше пред луѓето. Ручекот не е готов, ќе се срамотиме пред гостите.
  • срамотење, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

срамоти, срамотат несв. Нанесува некому срам. Таа се колнеше во него, а тој ја срамотеше секаде. ● се ~ Прави нешто што му носи срам. Подобро да молчеше, не ќе се срамотеше пред луѓето. Ручекот не е готов, ќе се срамотиме пред гостите. ‖ глаг. им. срамотење ср.