срце
Значење на срце:
1. (анат.) Мускулен орган што ја одржува циркулацијата на крвта, поделен на две комори и две преткомори, сместен на левата страна од градите.
2. (прен.) Орган како средиште на чувствата. Болка во срце. Заљубено срце. Весело срце. Исплашено срце. Музиката се ткае меѓу срцата. Во срцата им се вгнезди омразата.
3. (прен.) Главен дел на нешто; центар. Срцето на градот.
4. (прен.) Средиштен дел на некој плод. Срце од лубеница. Срце на пченката.
5. Предмет во таква форма. Чоколадно срце. Медени срца. Ученикот си црташе срца.
6. (прен.) Во обраќање ‒ мил, драг, сакан. Срце мајкино! Срце мое!
Множина: срца.
Фразеолошки израз / поговорка:
Камено (тврдо) срце ‒ тврд, бесчувствителен човек. Тврдо срце ‒ издржлив човек. Рането (скршено) срце ‒ човек што чувствува огромна тага, болка поради нешто или некого. Широко (големо) срце ‒ дарежлив човек. Јуначко (смело) срце ‒ храбар човек. Чисто срце ‒ чесен човек. Златно (добро) срце ‒ добродушен човек. Со отворено срце ‒ искрено. Со тешко срце ‒ одвај. Од срце ‒ искрено. На гладно срце ‒ на празен стомак. На драго срце ‒ со задоволство. Има слабо срце ‒ има срцева болест. Имај срце! ‒ смилувај се! Стегни срце! ‒ Издржи! Не издржа срце (јуначко) ‒ 1. потклекне на нешто. 2. почине. Му (ми, ти...) се пара (се кине/плаче) срцето ‒ чувствува огромна тага, болка поради нешто или некого. Срцето му го даде ‒ направи големи жртви за некого. Колку што ти (ви) срце сака ‒ неограничено, немерено. Му го отвори срцето/отвори срце ‒ зборува отворено, искрено со некого или пред некого; се довери некому. Срце не го држи ‒ многу е вознемирен од некаква ситуација. Го (ме, те...) допече до срце ‒ доживее голема навреда од некого, доживее тежок удар од некого. Срцето му заигра ‒ се возбуди. Срцето му се наполни ‒ се чувствува радосен, среќен, задоволен, исполнет од нешто. Му (ми, ти...) прирасне за срце ‒ засака некого, стане близок со некого. Сè на срце става ‒ многу е чувствителен. Срцето му отиде во петиците ‒ се преплаши. Рака на срце ‒ искрено, така е. Даде и срце и душа ‒ се жртвува себеси. Да ти даде господ што ти срце сака ‒ благослов. Срце да го (ја) изеде ‒ клетва.
Оригинални податоци:
срце, мн. срца ср. 1. (анат.) Мускулен орган што ја одржува циркулацијата на крвта, поделен на две комори и две преткомори, сместен на левата страна од градите. 2. (прен.) Орган како средиште на чувствата. Болка во срце. Заљубено срце. Весело срце. Исплашено срце. Музиката се ткае меѓу срцата. Во срцата им се вгнезди омразата. 3. (прен.) Главен дел на нешто; центар. Срцето на градот. 4. (прен.) Средиштен дел на некој плод. Срце од лубеница. Срце на пченката. 5. Предмет во таква форма. Чоколадно срце. Медени срца. Ученикот си црташе срца. 6. (прен.) Во обраќање ‒ мил, драг, сакан. Срце мајкино! Срце мое! ◊ Камено (тврдо) срце ‒ тврд, бесчувствителен човек. Тврдо срце ‒ издржлив човек. Рането (скршено) срце ‒ човек што чувствува огромна тага, болка поради нешто или некого. Широко (големо) срце ‒ дарежлив човек. Јуначко (смело) срце ‒ храбар човек. Чисто срце ‒ чесен човек. Златно (добро) срце ‒ добродушен човек. Со отворено срце ‒ искрено. Со тешко срце ‒ одвај. Од срце ‒ искрено. На гладно срце ‒ на празен стомак. На драго срце ‒ со задоволство. Има слабо срце ‒ има срцева болест. Имај срце! ‒ смилувај се! Стегни срце! ‒ Издржи! Не издржа срце (јуначко) ‒ 1. потклекне на нешто. 2. почине. Му (ми, ти...) се пара (се кине/плаче) срцето ‒ чувствува огромна тага, болка поради нешто или некого. Срцето му го даде ‒ направи големи жртви за некого. Колку што ти (ви) срце сака ‒ неограничено, немерено. Му го отвори срцето/отвори срце ‒ зборува отворено, искрено со некого или пред некого; се довери некому. Срце не го држи ‒ многу е вознемирен од некаква ситуација. Го (ме, те...) допече до срце ‒ доживее голема навреда од некого, доживее тежок удар од некого. Срцето му заигра ‒ се возбуди. Срцето му се наполни ‒ се чувствува радосен, среќен, задоволен, исполнет од нешто. Му (ми, ти...) прирасне за срце ‒ засака некого, стане близок со некого. Сè на срце става ‒ многу е чувствителен. Срцето му отиде во петиците ‒ се преплаши. Рака на срце ‒ искрено, така е. Даде и срце и душа ‒ се жртвува себеси. Да ти даде господ што ти срце сака ‒ благослов. Срце да го (ја) изеде ‒ клетва.