сребрее

Глагол, несвршен

Поетски збор.

Значење на сребрее:

1. За коса, брада и сл. ‒ почнува да белее, побелува, станува сед. На татко ми му сребрее косата.

2. Посребрува, добива сјај, боја на сребро. На јасна месечина езерото сребрееше.

Конјугација: сребреат , сребрееја , сребреел, сребрееше , сребреј , сребрејте .

Изведени зборови:

  • се ~ сребрее, Се покажува, сјае со боја на сребро. Месечината се сребрееше врз засечениот појас во шумата.
  • сребреење, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

сребрее, сребреат; сребреј, сребрејте; сребрееше, сребрееја; сребреел несв. (поет.) 1. За коса, брада и сл. ‒ почнува да белее, побелува, станува сед. На татко ми му сребрее косата. 2. Посребрува, добива сјај, боја на сребро. На јасна месечина езерото сребрееше. ● се ~ Се покажува, сјае со боја на сребро. Месечината се сребрееше врз засечениот појас во шумата. ‖ глаг. им. сребреење ср.