сребрен
Значење на сребрен:
1. Што е изработен од сребро, што е посребрен или што е извезен со сребро. Сребрен прстен. Сребрени пафти. Сребрен медал. Сребрена статуа. Кошула со сребрен шев.
2. Што содржи сребро. Сребрена жица. Сребрени руди.
3. а) Што е како сребро (по боја, сјај и сл.). Сребрен укит. Сребрена роса. Сребрено езеро. Сребрени мразеви. б) За коса, брада и сл. ‒ побелен, сед. Сребрена брада. Сребрени коси.
4. (прен.) Мелодичен, ѕвонлив. Сребрен глас. Сребрена смеа. Сребрена свадба ‒ дваесет и петгодишнина на брачен живот.
Членувана форма: сребрениот.
Фразеолошки израз / поговорка:
Сребрен јубилеј ‒ прослава на 25 години од некој значаен настан.
Оригинални податоци:
сребрен, сребрениот прид. 1. Што е изработен од сребро, што е посребрен или што е извезен со сребро. Сребрен прстен. Сребрени пафти. Сребрен медал. Сребрена статуа. Кошула со сребрен шев. 2. Што содржи сребро. Сребрена жица. Сребрени руди. 3. а) Што е како сребро (по боја, сјај и сл.). Сребрен укит. Сребрена роса. Сребрено езеро. Сребрени мразеви. б) За коса, брада и сл. ‒ побелен, сед. Сребрена брада. Сребрени коси. 4. (прен.) Мелодичен, ѕвонлив. Сребрен глас. Сребрена смеа. Сребрена свадба ‒ дваесет и петгодишнина на брачен живот. ◊ Сребрен јубилеј ‒ прослава на 25 години од некој значаен настан.