сребро

Именка, среден род

Само во еднина.

Значење на сребро:

1. (хем.) Благороден блескав метал со сивкавобела боја, хемиски елемент; симбол Ag. Топилница на сребро.

2. Сребрени пари, накит и други предмети од сребро. Оки сребро. Ковано сребро. Трговец со сребро.

3. (прен.) Тоа што наликува на бојата и сјајот на овој метал. Во мракот светкаше сребро од крлушките налепени на облеката.

Фразеолошки израз / поговорка:

Живо сребро ‒ жива.

Оригинални податоци:

сребро (само едн.) ср. 1. (хем.) Благороден блескав метал со сивкавобела боја, хемиски елемент; симбол Ag. Топилница на сребро. 2. Сребрени пари, накит и други предмети од сребро. Оки сребро. Ковано сребро. Трговец со сребро. 3. (прен.) Тоа што наликува на бојата и сјајот на овој метал. Во мракот светкаше сребро од крлушките налепени на облеката. ◊ Живо сребро ‒ жива.