сред

Предлог

Значење на сред:

1. Пространствено значење: а) Нешто што се наоѓа на средината, на еднакво растојание од краиштата на именуваното место. Масата не треба да стои сред соба. Врвулица сред улица. б) Наоѓање меѓу нешто, во определена средина, круг на луѓе. Исклучок сред потпросечните пејачи. Голем раздор сред студентите на УКИМ.

2. Временско значење. Кучињата ја разбудиле мечката сред зима. Не шетај сред пладне.

3. Околности при кои се врши некое дејство. Уште ти ми требаше сред овој хаос. Сред веселбата се слушна истрел.

Фразеолошки израз / поговорка:

Сред слепи и ќорав е цар. (посл.)

Оригинални податоци:

сред предл. 1. Пространствено значење: а) Нешто што се наоѓа на средината, на еднакво растојание од краиштата на именуваното место. Масата не треба да стои сред соба. Врвулица сред улица. б) Наоѓање меѓу нешто, во определена средина, круг на луѓе. Исклучок сред потпросечните пејачи. Голем раздор сред студентите на УКИМ. 2. Временско значење. Кучињата ја разбудиле мечката сред зима. Не шетај сред пладне. 3. Околности при кои се врши некое дејство. Уште ти ми требаше сред овој хаос. Сред веселбата се слушна истрел. ◊ Сред слепи и ќорав е цар. (посл.)