среденсредниот 2

Придавка

Значење на среденсредниот:

1. Што се наоѓа на средината, еднакво оддалечен од краиштата на нешто. Среден ред. Средна позиција.

2. (разг., прен.) Што е на средина од степенот по ранг, по квалитет, по развиток, по зрелост и сл.; просечен. Среден раст. Среден обем. Средна брзина. Средна цена. Средна вредност. Среден ученик. Среден актер.

Фразеолошки израз / поговорка:

Среден век ‒ епоха на феудалниот општествен поредок, од пропаѓањето на Западното Римско Царство до крајот на 15 век. Среден син/ќерка ‒ второродениот син од три сина/втородената ќерка од три ќерки. Среден прст ‒ прстот што се наоѓа меѓу показалецот и домалиот. Средна класа ‒ општествена група што се наоѓа меѓу работничката и високата класа. Средно образование ‒ четиригодишно образование по завршување на основното образование. На средни години ‒ средовечен.

Оригинални податоци:

среден2,средниот прид. 1. Што се наоѓа на средината, еднакво оддалечен од краиштата на нешто. Среден ред. Средна позиција. 2. (разг., прен.) Што е на средина од степенот по ранг, по квалитет, по развиток, по зрелост и сл.; просечен. Среден раст. Среден обем. Средна брзина. Средна цена. Средна вредност. Среден ученик. Среден актер. ◊ Среден век ‒ епоха на феудалниот општествен поредок, од пропаѓањето на Западното Римско Царство до крајот на 15 век. Среден син/ќерка ‒ второродениот син од три сина/втородената ќерка од три ќерки. Среден прст ‒ прстот што се наоѓа меѓу показалецот и домалиот. Средна класа ‒ општествена група што се наоѓа меѓу работничката и високата класа. Средно образование ‒ четиригодишно образование по завршување на основното образование. На средни години ‒ средовечен.