среди

Глагол, свршен

Значење на среди:

1. Доведе нешто во ред, доведе во определена состојба, поправи нешто според определени барања и потреби. Домаќинката ја среди гостинската соба. Архиварката ги среди материјалите.

2. Уреди, насочи некакво дејство, активност, состојба. Материјалот стручно го средија соработниците од тимот.

3. Дотера, украси. Taa ја среди кадравата коса и излезе.

Конјугација: средат.

Изведени зборови:

  • се ~ среди, 1. Се доведе во ред. Сè ќе се среди во животот. 2. Се подготви, се натокми, се дотера. Се среди за вечерната забава. 3. (прен.) Се смири, се успокои. Откако го добиле станот, се средиле.
  • (се) средува, глаг. несв. (се) средуваат
  • средување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

среди, средат св. 1. Доведе нешто во ред, доведе во определена состојба, поправи нешто според определени барања и потреби. Домаќинката ја среди гостинската соба. Архиварката ги среди материјалите. 2. Уреди, насочи некакво дејство, активност, состојба. Материјалот стручно го средија соработниците од тимот. 3. Дотера, украси. Taa ја среди кадравата коса и излезе. ● се ~ 1. Се доведе во ред. Сè ќе се среди во животот. 2. Се подготви, се натокми, се дотера. Се среди за вечерната забава. 3. (прен.) Се смири, се успокои. Откако го добиле станот, се средиле. ‖ (се) средува, (се) средуваат несв. ‖ глаг. им. средување ср.