средина 1

Именка, женски род

Значење на средина:

1. а) Место приближно еднакво оддалечено од краевите на целоста; центар. Во средината на собата имаше маса со столови. Црн толчник во средината на цветот. Листови од средината на тетратката. Средината од филмот. б) (мат., физ.) Точка еднакво оддалечена од сите точки на кругот или на топката; центар.

2. Средишниот дел од нешто. Средина на лебот. Средина на лубеница. Средината на филмот.

3. Време еднакво или приближно еднакво оддалечено од почетокот и од крајот. До средината на јули. Средината на минатиот век. На средината од мојот живот.

4. Средна положба што се наоѓа меѓу две крајности, умереност. Тој секогаш ја држи средината.

Множина: средини.

Изведени зборови:

  • срединка, и. ж. дем. кон зн. 2.

Фразеолошки израз / поговорка:

Златна средина ‒ најдобар избор, место меѓу две крајности.

Оригинални податоци:

средина1, мн. средини ж. 1. а) Место приближно еднакво оддалечено од краевите на целоста; центар. Во средината на собата имаше маса со столови. Црн толчник во средината на цветот. Листови од средината на тетратката. Средината од филмот. б) (мат., физ.) Точка еднакво оддалечена од сите точки на кругот или на топката; центар. 2. Средишниот дел од нешто. Средина на лебот. Средина на лубеница. Средината на филмот. 3. Време еднакво или приближно еднакво оддалечено од почетокот и од крајот. До средината на јули. Средината на минатиот век. На средината од мојот живот. 4. Средна положба што се наоѓа меѓу две крајности, умереност. Тој секогаш ја држи средината. ◊ Златна средина ‒ најдобар избор, место меѓу две крајности. ‖ срединка, мн. срединки ж. дем. кон зн. 2.