средина 2
Значење на средина:
1. Збир од природните животни услови на живиот свет. Природна средина. Здрава еколошка средина.
2. Социјалните услови и околности во кои суштествува и дејствува човекот. Таа се приспособи кон новата средина. Тоа е средината во која ние живееме. Средината е поволна за хумор и шега.
3. Населението од некое место, крај, држава; група луѓе или заедница поврзана со заеднички животни услови, со определена професија, занимање и сл. Градска средина. Балканска средина. Семејна средина. Патријархална средина. Еснафска средина. Социјална средина. Научна средина. Студентска средина.
Множина: средини.
Оригинални податоци:
средина2, мн. средини ж. 1. Збир од природните животни услови на живиот свет. Природна средина. Здрава еколошка средина. 2. Социјалните услови и околности во кои суштествува и дејствува човекот. Таа се приспособи кон новата средина. Тоа е средината во која ние живееме. Средината е поволна за хумор и шега. 3. Населението од некое место, крај, држава; група луѓе или заедница поврзана со заеднички животни услови, со определена професија, занимање и сл. Градска средина. Балканска средина. Семејна средина. Патријархална средина. Еснафска средина. Социјална средина. Научна средина. Студентска средина.