средство
Значење на средство:
1. Предмет, направа, орудија и сл. за остварување нешто. Нагледно средство. Заштитно средство. Средство за работа. Превозно средство. Средства за вооружена борба. Средства за јавно информирање.
2. Лек, лекарство. Средство за смирување болки. Чајот од кантарион е антисептично средство.
3. (обично во мн.) Материјални можности, пари и друга сопственост. Од никаде никакви средства, а ваму ручек дава. Средства за живот. Парични средства. Државни средства.
4. Начин на дејствување или постапка за остварување на некоја цел, за постигање нешто. Тој не одбираше средства да ме оцрни пред другите. Примитивни средства за заведување. Граматичко средство за искажување на посвојност. Изразни средства на народната поезија.
Множина: средства.
Фразеолошки израз / поговорка:
Целта ги оправдува средствата ‒ неморално правило според кое сè е допуштено за постигнување на целта.
Оригинални податоци:
средство, мн. средства ср. 1. Предмет, направа, орудија и сл. за остварување нешто. Нагледно средство. Заштитно средство. Средство за работа. Превозно средство. Средства за вооружена борба. Средства за јавно информирање. 2. Лек, лекарство. Средство за смирување болки. Чајот од кантарион е антисептично средство. 3. (обично во мн.) Материјални можности, пари и друга сопственост. Од никаде никакви средства, а ваму ручек дава. Средства за живот. Парични средства. Државни средства. 4. Начин на дејствување или постапка за остварување на некоја цел, за постигање нешто. Тој не одбираше средства да ме оцрни пред другите. Примитивни средства за заведување. Граматичко средство за искажување на посвојност. Изразни средства на народната поезија. ◊ Целта ги оправдува средствата ‒ неморално правило според кое сè е допуштено за постигнување на целта.