среќа 1
Само во еднина.
Значење на среќа:
1. Состојба на длабоко задоволство. Духовна среќа. Прекумерна среќа. Човечки е да се радуваш на туѓата среќа. Неизмерна среќа. Ми се насмевна среќата.
2. Успех. Брачна среќа. Заедничка среќа. Се гордее со среќата.
3. Судбина. Таква му била среќата. Зла среќа. Секој има своја среќа. Имала среќа да се омажи во богата куќа.
Фразеолошки израз / поговорка:
За среќа ‒ добро е што е така. Нека е со среќа ‒ благослов.
Оригинални податоци:
среќа1, (само едн.) ж. 1. Состојба на длабоко задоволство. Духовна среќа. Прекумерна среќа. Човечки е да се радуваш на туѓата среќа. Неизмерна среќа. Ми се насмевна среќата. 2. Успех. Брачна среќа. Заедничка среќа. Се гордее со среќата. 3. Судбина. Таква му била среќата. Зла среќа. Секој има своја среќа. Имала среќа да се омажи во богата куќа. ◊ За среќа ‒ добро е што е така. Нека е со среќа ‒ благослов.