сретне

Глагол, свршен

Значење на сретне:

1. При движење види некого, обично човек, се состане со некого што обично доаѓа од спротивен правец, во пресрет. На улица ја сретнав сосетката. На патот сретна куче.

2. Запознае. Таков егоист не сретнале во животот. Таму ќе сретнеш гостопримливи луѓе.

3. Најде, согледа, узнае. Сретнавме само два примера.

Конјугација: (ќе) сретнеа , (ќе) сретнев , (ќе) сретнел, сретнаа , сретнав , сретнал , сретнат , сретнете , сретни .

Изведени зборови:

  • се ~ сретне, 1. Се види, при движење се состане со некого. Враќајќи се дома, се сретнав со брат ми. Старите пријатели се сретнаа по многу години. 2. Е, доаѓа во контакт, наиде на нешто. При престојот во земјата, тој се сретна со голема гостољубивост. 3. (спорт.) Настапи на натпревар. На фудбалскиот терен се сретнаа најсилните екипи. 4. Се најде, суштествува. Таков човек ретко ќе се сретне.
  • (се) сретнува, глаг. несв. (се) сретнуваат--(се) среќава, (се) среќаваат

Оригинални податоци:

сретне, сретнат; сретни, сретнете; сретнав, сретнаа; сретнал; (ќе) сретнев, (ќе) сретнеа; (ќе) сретнел св. 1. При движење види некого, обично човек, се состане со некого што обично доаѓа од спротивен правец, во пресрет. На улица ја сретнав сосетката. На патот сретна куче. 2. Запознае. Таков егоист не сретнале во животот. Таму ќе сретнеш гостопримливи луѓе. 3. Најде, согледа, узнае. Сретнавме само два примера. ● се ~ 1. Се види, при движење се состане со некого. Враќајќи се дома, се сретнав со брат ми. Старите пријатели се сретнаа по многу години. 2. Е, доаѓа во контакт, наиде на нешто. При престојот во земјата, тој се сретна со голема гостољубивост. 3. (спорт.) Настапи на натпревар. На фудбалскиот терен се сретнаа најсилните екипи. 4. Се најде, суштествува. Таков човек ретко ќе се сретне. ‖ (се) сретнува, (се) сретнуваат/(се) среќава, (се) среќаваат несв. ‖ глаг. им. сретнување/среќавање ср.