срине
Значење на срине:
1. Отстрани со ринење. Со лопати го сринаа снегот од тротоарите. Срини го ѓубрето!
2. За земја ‒ израмни, порамни со ринење.
3. (прен.) Урне, уништи. Земјотресот ги срина куќите до темел. Кој ни ги срина селата?
Конјугација: (ќе) сринеа , (ќе) сринев , (ќе) сринел, сринаа , сринав , сринал , сринат , сринат , сринете , срини .
Изведени зборови:
- се ~ срине, За земја, снег и сл. ‒ се свлече надолу, се спушти. Земјата се срина од едната страна и падна во водата. Влажниот снег се сринал од покривите на куќите.
- (се) сринува, глаг. несв. (се) сринуваат
- сринување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
срине, сринат; срини, сринете; сринав, сринаа; сринал; сринат; (ќе) сринев, (ќе) сринеа; (ќе) сринел св. 1. Отстрани со ринење. Со лопати го сринаа снегот од тротоарите. Срини го ѓубрето! 2. За земја ‒ израмни, порамни со ринење. 3. (прен.) Урне, уништи. Земјотресот ги срина куќите до темел. Кој ни ги срина селата? ● се ~ За земја, снег и сл. ‒ се свлече надолу, се спушти. Земјата се срина од едната страна и падна во водата. Влажниот снег се сринал од покривите на куќите. ‖ (се) сринува, (се) сринуваат несв. ‖ глаг. им. сринување ср.