срипа
Значење на срипа:
1. Одеднаш скокне, стане од местото. Жена му срипа од фотелјата и остро го погледна. Патниците срипаа од седиштата. Срипал од постела. Момчето срипало од коњот.
2. За куче, коњ и сл. ‒ скокне, се исправи на задните нозе. Кучето срипа и детото се исплаши. Коњот срипал и јавачот одвај се додржал.
Конјугација: срипаат.
Изведени зборови:
- срипува, глаг. несв. срипуваат
- срипување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
срипа, срипаат св. 1. Одеднаш скокне, стане од местото. Жена му срипа од фотелјата и остро го погледна. Патниците срипаа од седиштата. Срипал од постела. Момчето срипало од коњот. 2. За куче, коњ и сл. ‒ скокне, се исправи на задните нозе. Кучето срипа и детото се исплаши. Коњот срипал и јавачот одвај се додржал. ‖ срипува, срипуваат несв. ‖ глаг. им. срипување ср.