срка
Значење на срка:
1. Јаде со лажица течна храна (супа, чорба, каша и сл.) Во дрвена каленица сркавме каша. Со дрвена лажица нервозно сркаше од посниот грав. Другарите сркаа ли сркаа.
2. Со уста пие, трга, шмрка кафе.
Коњугација: сркаат.
Изведени зборови:
- сркање, глаг. им. ср.
- сркање, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Што си дробил, тоа ќе сркаш ‒ сп. дроби. Со деца матеница (попара) не се срка ‒ во работата не потпирај се на невешти луѓе.
Оригинални податоци:
срка, сркаат несв. 1. Јаде со лажица течна храна (супа, чорба, каша и сл.) Во дрвена каленица сркавме каша. Со дрвена лажица нервозно сркаше од посниот грав. Другарите сркаа ли сркаа. 2. Со уста пие, трга, шмрка кафе. ‖ глаг. им. сркање ср. ◊ Што си дробил, тоа ќе сркаш ‒ сп. дроби. Со деца матеница (попара) не се срка ‒ во работата не потпирај се на невешти луѓе. ‖ глаг. им. сркање ср.