сроди
Значење на сроди:
1. Направи некој да стане роднина некому преку брачна врска. Го сродија со најбогатата фамилија во селото.
2. Стапи во силна духовна врска со некого, со нешто, стане некој некому многу близок со нешто; зближи, здружи. Заедничката работа ги сроди како браќа.
Коњугација: сродат.
Изведени зборови:
- се ~ сроди, 1. Стане род со некого, се ороди. 2. а) Стане близок со некого; се спријатели, се зближи, се здружи. Тој се сроди со една видна охридска фамилија. За една вечер се сродивме и сожиеавме со нив. б) Се свикне, се привикне, се приспособи кон нешто. Таа премногу се сроди со мислите за неговата немоќ. Се сродил со езерото.
- (се) сродува, глаг. несв. (се) сродуваат
- сродување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
сроди, сродат св. 1. Направи некој да стане роднина некому преку брачна врска. Го сродија со најбогатата фамилија во селото. 2. Стапи во силна духовна врска со некого, со нешто, стане некој некому многу близок со нешто; зближи, здружи. Заедничката работа ги сроди како браќа. ● се ~ 1. Стане род со некого, се ороди. 2. а) Стане близок со некого; се спријатели, се зближи, се здружи. Тој се сроди со една видна охридска фамилија. За една вечер се сродивме и сожиеавме со нив. б) Се свикне, се привикне, се приспособи кон нешто. Таа премногу се сроди со мислите за неговата немоќ. Се сродил со езерото. ‖ (се) сродува, (се) сродуваат несв. ‖ глаг. им. сродување ср.