срони

Глагол, свршен

Значење на срони:

1. Оддели мал дел од нешто со ронење (земја, камен и сл.); одрони, изрони. Старецот срони неколку грутки земја. Водата ја срони земјата. Детето срони неколку зрна од гроздот. Срони ги зрната од пченката во кошот!

2. (прен.) Пророни, просолзи, пушти некоја солза. Мајката крадешкум срони солзи и излезе во дворот. Девојчето срони неколку солзи по прегазеното маче.

Конјугација: сронат.

Изведени зборови:

  • се ~ срони, Се одрони, се поткопа (земја, камен и сл.). Земјата се срони од надојдената река. Каменот се срони од силната експлозија. Се сронил малтерот од стариот ѕид.
  • (се) сронува, глаг. несв. (се) сронуваат
  • сронување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

срони, сронат св. 1. Оддели мал дел од нешто со ронење (земја, камен и сл.); одрони, изрони. Старецот срони неколку грутки земја. Водата ја срони земјата. Детето срони неколку зрна од гроздот. Срони ги зрната од пченката во кошот! 2. (прен.) Пророни, просолзи, пушти некоја солза. Мајката крадешкум срони солзи и излезе во дворот. Девојчето срони неколку солзи по прегазеното маче. ● се ~ Се одрони, се поткопа (земја, камен и сл.). Земјата се срони од надојдената река. Каменот се срони од силната експлозија. Се сронил малтерот од стариот ѕид. ‖ (се) сронува, (се) сронуваат несв. ‖ глаг. им. сронување ср.