сруши
Значење на сруши:
1. Направи да се претвори во урнатини, да се растури; руши. Тој го сруши стариот ѕид од куќата. Булдожерите ја срушија камената ограда. Силниот ветар ја сруши летната колиба.
2. (прен.) Собори, убие. Ќе ги срушиме сите рекорди. Бунтовниците го срушија претседателот на државата. Ударот на кундакот го сруши човекот на земја. Копјето го сруши ѕверот.
3. (прен., разг.) Уништи. Срушивме дваесет години заеднички живот. Ми ги сруши сите планови за денес.
Коњугација: срушат.
Изведени зборови:
- се ~ сруши, 1. Падне од удар или од некаков притисок, се урне. Од земјотресот се срушија многу куќи. Од надојдената река се сруши мостот во селото. 2. (прен., разг.) Се уништи, пропадне нешто. Се срушиле нејзините идеи и размислувања.
- (се) срушува, глаг. несв. (се) срушуваат
- срушување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
сруши, срушат св. 1. Направи да се претвори во урнатини, да се растури; сп. руши. Тој го сруши стариот ѕид од куќата. Булдожерите ја срушија камената ограда. Силниот ветар ја сруши летната колиба. 2. (прен.) Собори, убие. Ќе ги срушиме сите рекорди. Бунтовниците го срушија претседателот на државата. Ударот на кундакот го сруши човекот на земја. Копјето го сруши ѕверот. 3. (прен., разг.) Уништи. Срушивме дваесет години заеднички живот. Ми ги сруши сите планови за денес. ● се ~ 1. Падне од удар или од некаков притисок, се урне. Од земјотресот се срушија многу куќи. Од надојдената река се сруши мостот во селото. 2. (прен., разг.) Се уништи, пропадне нешто. Се срушиле нејзините идеи и размислувања. ‖ (се) срушува, (се) срушуваат несв. ‖ глаг. им. срушување ср.