стационира

Глагол, свршен и несвршен

Значење на стационира:

1. Постави, поставува, смести, сместува нешто на определено место. Пчеларот ги стационира сандаците со пчели во реонот близу боровата шума.

2. (воен.) Распореди, распоредува, смести, сместува на определена локација. Војската стационира бојни возила во центарот на градот.

Коњугација: стационираат , стационирајќи.

Изведени зборови:

  • се ~ стационира, (воен.) Се распореди, се распоредува, се смести, се сместува на определена локација. Воените трупи се стационираа на островот.
  • стационирање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

стационира, стационираат; стационирајќи св. и несв. 1. Постави, поставува, смести, сместува нешто на определено место. Пчеларот ги стационира сандаците со пчели во реонот близу боровата шума. 2. (воен.) Распореди, распоредува, смести, сместува на определена локација. Војската стационира бојни возила во центарот на градот. ● се ~ (воен.) Се распореди, се распоредува, се смести, се сместува на определена локација. Воените трупи се стационираа на островот. ‖ глаг. им. стационирање ср.