стадо
Значење на стадо:
1. Поголем број истородни животни што пасат заедно; крдар, булук. Стадо овци. Стадо кози. Биволско стадо. Шарени стада.
2. (прен.) а) Верници во некоја црква; паства. Божјо стадо. б) (пејор.) Поголема група луѓе, толпа што покорно, беспоговорно следи, се поведува по некого. Двајцата го напуштиле стадото.
Множина: стада.
Оригинални податоци:
стадо, мн. стада ср. 1. Поголем број истородни животни што пасат заедно; крдар, булук. Стадо овци. Стадо кози. Биволско стадо. Шарени стада. 2. (прен.) а) Верници во некоја црква; сп. паства. Божјо стадо. б) (пејор.) Поголема група луѓе, толпа што покорно, беспоговорно следи, се поведува по некого. Двајцата го напуштиле стадото.